16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Згодната манекенка ужива во прегратките на ѕвездата на Челси по раскинувањето со Хамилтон

Манекенката Камила Кендра на почетокот на оваа година беше во врска со славниот возач на Формула 1, Луис Хамилтон, а сега ужива во љубовта со фудбалерот на Челси, Бен Чилвел.

По раскинувањето со ѕвездата на Формула 1, Кендра утехата ја пронашла во прегратките на англискиот фудбалер.

Чилвел и манекенката ја криеле романсата, меѓутоа, ги издала фотографијата која Камила ја објавила на својот Инстаграм профил.

Манекенката споделила фотографија на која позира во раскошно опкружување, а навивачите веднаш препознале дека тоа е имотот на фудбалерот на Челси.

„Бен и Камила прекрасно се согласуваат“, изјавил за британски „The Sun“ пријател на славниот фудбалер.

Инаку, Камила неодамна била фотографирана на трибините на стадионот Стемфорд Бриџ во текот на натпреварот од Лига на шампиони меѓу Челси и Јувентус.