17.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Зголемен бројот на деца заболени од коронавирус во Македонија

Расте бројот на деца заболени од коронавирус во изминативе денови.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.

Вчера објавените податоци, кои се однесуваат за состојбата со коронавирус за 2-ри месецов, покажуваат дека за 24 часа бројот на заболени деца се зголемил за 17 од кои најголем број се на возраст од 0-9 години.

Состојбата за 2-ри јуни вели дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 114 и 123 случаи соодветно, односно вкупно 237 позитивни случаи на коронавирус.