Зголемен бројот на бегалците кои нелегално ја минуваат бугарско-српската граница

Се зголемува бројот на бегалците кои нелегално ја минуваат границата меѓу Бугарија и Србија, јави српското електронско издание „Телеграф“. Според податоците на полицијата во Пирот во изминатата година на границата со Бугарија биле регистрирани 37 обиди за нелегално преминување од страна на бегалци. Оваа година тој број изнесува 255.

Освен преку граничниот премин „Градина“, каде што ја минуваат границата скриени во тајни прегради на камиони и и други поголеми транспортни возила, голем дел од бегалците минуваат и низ Стара Планина, која е природна граница помеѓу Бугарија и Србија. Организаторите на трансферот на бегалци добивале и до 1.000 од лице евра за да им помагаат.