Зголемен бројот на екстремно „дебели“ луѓе во Велика Британија

Изминативе три години во Обединетото Кралство бројот на лица со екстремна прекумерна телесна тежина, кои дури не можат да се движат и да ги напуштат  своите домови, се зголемил за повеќе од една третина.

Само минатата година на островската држава се регистрирани над 900 такви случаи, кога при некоја елементарна непогода пожарникари и спасувачи биле принудени да користат посебна опрема за спасување, или пак да ги прошируваат вратите и прозорците.

Сето тоа значи дека расте бројот на лица со телесна тежина помеѓу 300 и 350 килограми, коментираат експертите.

Најчесто се работи за луѓе кои достигнале прекумерна телесна тежина поради медицински причини, на пример, заради лимфедем.