Зголемен бројот на милијардерите во Русија

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери, чии имоти се проценуваат во американски долари, пораснал за петмина во однос на претходната година и сега ги има 74, според годишниот извештај на „Credit Suisse“ објавен во четвртокот, којашто ја истакнува невоедначеноsта на распределбата на богатството во земјите во светот.

Силната концентрација на богатството во Русија се одразува во фактот дека има 74 возрасни милијардери, и покрај ниското ниво на богатство по возрасно лице, според извештајот кој набројува 69 милијардери од 2017 година.

Според последниот извештај, 10 отсто најбогатите жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. Се наведува дека тоа претставува високо ниво, дури и повисоко од САД каде што изнесува 76 отсто и каде што расподелба на богатството е едно од најконцентрираните во развиените земји. Тоа ниво, исто така, е повисоко и од Кина, каде што изнесува 62 отсто.

Богатството на домаќинствата во Русија брзо се зголемувало во текот на првите години од векот. Меѓу 2000 и 2007 година, богатството по возрасно лице осум пати е зголемено, се наведува во документот.

Курсот од 25 рубљи за доларот во 2007 година порасна на 34 кон средината на 2014 година, а по воведувањето на западните санкции против Русија достигна до 60 рубљи. Курсот на средината од 2018 изнесуваше 63 рубљи за долар, потсетуваат аналитичарите од „Credit Suisse“.

Во март претседателот Владимир Путин одреди како цел на својот четврт мандат од 2018 до 2024 година годишен раст од 4 отсто и преполување на стапката на сиромаштијта. Иако стапката на сиромаштијата во Русија од 29 отсто во 2000 година кога тој дојде на власт падна на 10,7 отсто во 2012 година, според руската стастистичка агенција Ростат, во 2016 година се зголемила на 13,5 отсто. Состојбата е особено загрижвачка во провинцијата, каде што платите и пензиите за доволни за одвај за преживување на месецот.