Зголемен бројот на припадниците на екстремната десница во Германија

BERLIN, GERMANY - AUGUST 19: Some 1000 participants affiliated with Neo-Nazi and extreme right groups marched through the street of Berlin's Spandau district in commemoration of 30 years to Rudolf Hess's death, on August 19, 2017 in Berlin, Germany. Hess committed suicide on August 17, 1987 at Spandau Prison and he also served as Adolf Hitler's deputy. The march attracted counter demonstrations along its route, organized by several left-wing groups and political parties. (Photo by Omer Messinger/Getty Images)

Германското Биро за заштита на уставниот поредок (VfB) забележало дека минатата 2018 година пораснал бројот на кривичните дела со радикална десна заднина, јавува неделното издание на дневниот весник Bild во неделата, а канцеларката Ангела Меркел повикува на борба против екстремната десница.

„Бројот на лицата кои му се припишуваат на екстремното десно милје е во благ пораст. Во 2018-та регистрирани се 24.1000 припадници на оваа сцена, што е за стотина повеќе од претходната 2017 година“, пренесува Bild am Sonntag повикувајќи се на годишниот извештај на Бирото за заштита на уставниот поредок (VfB), којшто официјално треба да биде објавен следната седмица.

Истовремено се зголемил и бројот на кривичните деле од 28 во 2017-та на 48 во 2018 година. Извештај половината од припадниците на крајната десна сцена ги означува како насилни. Како главна цел на нападите на крајната десница извештајот наведува две општествени групации: бегалците и муслиманите. Истовремено, и политичарите сѐ почесто се цел на нападите од екстремната десница.

Тематски екстремната десница најмногу се занимавала со темите како „губењето на националниот идентитет“ и „зголемување на бројот на странците“.

Иследниците сѐпочесто обраќаат внимание и на ткн „граѓаните на рајхот“ кои не се вбројуваат директно во припадниците на екстремната десница, но со своето негирање на уставниот поредок на СР Германија и повикувањето на границите пред Втората светска војна дејстуваат на десниот раб од политичкиот спектар.

Во Германија, откако на почетокот од јуни беше убиен демохристијанскиот политичар Валтер Либке, за што е осомничен припадник на екстремната десница, одново се отвори дебатата околу опасноста од десниот тероризам.

На Протстантските црковни денови кои во моментов се одржуваат во Дортмунд, канцеларката Ангела Меркел, од владејачката Христијанско-демократска унија (CDU), во саботата повика на засилена борба против крајната десница.

„Против екстремната десница мора да се бориме и тоа додека е во почетоците и без никакви табуа“, рече Меркел. Предупреди дека германската држава би можела „да ја загуби веродостојноста“, доколку сериозно не се соочи со овој проблем.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, од баварската Христијанско-социјална унија (CSU), најави зајакната борбна против насилството од есктремната десница, што го израмни со исламистичкиот тероризам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.