Зголемен бројот на работници во индустријата во ноември

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 1,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 отсто, Капитални производи за 0,4 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,8 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември оваа година , во однос на периодот јануари – ноември лани, изнесува еден отсто.