Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, еве колку се чека на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.