Зголемен прометот во индустријата

Прометот на индустријата во февруари годинава е зголемен за 9,7 отсто во споредба со истиот месец лани, при што прометот остварен на домашниот пазар има опаѓање од 7 отсто, а на странски пазари пораст од 13,4 отсто, соопшти Државниот завод за статстика.4

Прометот во индустријата во февруари, споредено со претходниот месец е зголемен за 13,4 отсто, а во првите два месеца од годинава скокна за 8 проценти во споредба со истиот период од една година претходно.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во секторот „Рударство и вадење камен“ во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, забележал пораст од 15,5 отсто, а во секторот „Преработувачка индустрија“ регистриран е раст од 9,5 отст
.
Според главните индустриски групи, кај „Интермедијарни производи“, освен секторот „Енергија“, има пораст за 15,4 отсто, а кај „Капитални производи“ за 12,8, додека пад од 5,1 отсто има кај „Трајни производи за широка потрошувачка“, а од 3 отсто кај „Нетрајни производи за широка потрошувачка“.