Зголемена фреквенција на возила на граничен премин „Богородица“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што јавува АМСМ, на граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила, но без подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

– АД Бетон изведува градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с.Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси се одвива преку с.Леуново.

– Теренските активности на патниот правец Превалец (Кочани) – Делчево продолжуваат да се одвиваат до 09.07.2015. Работите ќе се изведуваат од 06.00 до 19.00 часот.

– Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.