Зголемени цените на индустриските производители на годишно ниво

Цените се пониски за 0.2 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.8 % на годишно ниво.
Војислав Мојсовски пред 8 минути 0 206
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.8 % на годишно ниво.

Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %.

Во мај 2019, во споредба со мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.8 %

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.