Зголемени земјоделските површини

Земјоделските површини минатата година се зголемени за 0,1 отсто во споредба со 2014. Кај обработливата површина зголемување има кај ораниците и бавчите за 0,4 проценти, кај овоштарниците за 3,6 и кај лозјата за 0,8 проценти. Намалување е забележано кај ливадите за 0,8 отсто и пасиштата за 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2015 година, во споредба со 2014, поголемо зголемување на производството се забележува кај доматите за 8 проценти, пиперките за 7,7 и краставиците за 38,3 проценти, а намалување има кај житата, тутунот, сончогледот, компирот и луцерката.

Производството на овошје, пак, бележи зголемување кај сите видови, освен кај црешите, додека производството на грозје бележи зголемување за дури 65,8 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.