Зголемените пензии значат исполнување на ветеното

Пензионерите денеска го добија зголемените пензии за 600 денари и тоа претставува исполнувањето на она што претходно беше ветено, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на прашање по прес- конференцијата во Агенцијата за катастар.

„Секој пензионер во Македонија доби зголемена пензија за 600 денари и тоа секако е значајно за заштитата на нивниот животен стадард“, рече Ставрески.

Просечната пензија, како што нагласи тој, е зголемена за 62 отсто во однос на 2006-та година, па така тогаш изнесувала 7.680, а сега 12.450 денари.

„Во Буџетот се предвидени средства во висина од една милијарда и 800 милиони денари за зголемување на пензиите како трансфер во Пензискиот фонд и пензинерите можат да бидат сигурни дека и во преостанатиот дел од годината ќе ги добиваат овие зголемени пензии во првата недела од месецот“, појасни  Ставреским најавувајќи дека продолжува владината поддршката за пензионерите.