Зголемување на бројката нови коронаинфекции, засега без нови мерки

Комисијата за заразни болести, на состанокот во петокот ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатираше дека има зголемување на бројот нови случаи зарази си коронаорусот SARS-Cov-2.

Притоа се забележува дека зголемувањето на бројот нови случаи на коронаинфекциите изнесува 79,9 отсто.

Согласно методологијата за одредување на ризикот од Covid-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот тешко болни и смртни случаи од коронавирусната болест, утврдено е дека земјата се наоѓа во ткн „зелена зона“, со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Covid-19.

На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Covid-19, при што Комисијата препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.