Зголемувањето на акцизата не влијае на сиромашните, тие немаат автомобил

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60 отсто    од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.