Зградата на германскиот Бундестаг ги намалува ладењето и греењето за штедење енергија

Германскиот сојузен парламент Бундестагот, како и парламентите на сојузните покраина, планираат во рамките на мерките за штедење ги ја намалат температурата за загревање во зима и за разладување во лето, пишуваат германските медиуми во неделата.

„Ефикасноста на државните институции мора да биде гарантирана, но поради тоа нема никакви табуа кога станува збор за штедењето на енергијата“, изјави министерот за економија на сојузната покраина во главниот град Берлин, Стефан Шварц.

Комисијата за општи прашања во Бундестагот кон крајот на седмицата донесе одлука дека сите простории во сојузниот парламенти во зима повеќе да не бидат греани до 22 туку до 20 степени. Истовремено, во летните месеци стотиците простории ќе се разладуваат сега не на 24, туку на 26 до 28 Целзиусови степени.

Во документот насловен „Штедење на енергијата во зградите на Бундестагот“ се наведува дека со овие мерки би можело да се заштедат 5 отсто од енергијата. Исто рака, се планира исклучување на проточните бојлери во повеќе од 1.800 канцеларии и „поштедлив однос кон осветлувањето“.

И парламентите на 16-те германски сојузни покраина најавија слични мерки. Во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц ова лето просториите се разладуваат на 24 наместо на 21 степен, а во зима ќе се затоплуваат на 20 наместо до досегашните 22 Целзиусови степени.

Во сојузната покраина Баден-Витенберг, чиишто жители вообичаено важат за штедливи, и досега во зима затоплувањето било до 20 степени, а сега се планира намалување на 18 Целзиусови степени. Климатските уреди за разладување се наместени на 26 степени.

Германската влада неодамна апелираше на своите граѓани да штедат поради можниот недостиг од природен гас следната зима кој досега Германија во најголема мерка го увезуваше од Русија. Но сега Берлин се обидува заедно со ткн колективен Запад да ја намали зависноста од руските енергенси а сепак сѐ уште не успева да обезбеди други правци на испораките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.