Згради ќе го блокираат влезот во Трнодол

2054

Ќе се затвора главниот влез на населбата Трнодол, а на тоа место се зацртува маркица за зграда во подножјето до каналот кој го чува Скопје од поплави. Ова го предвидува предлог-одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план, за опфатот помеѓу Жданец, Трнодол и Нерези, кој по барање на граѓани беше повлечен од седница на Советот кон крајот на минатата година, а утре повтроно ќе се најде пред советниците на општина Карпош.

Со овој предлог ДУП, исто така предвидено е да се изгради мост преку заштитниот канал и граѓаните од Трнодол да се приклучуваат во улицата на населбата Жданец.

Овој скандалозен ДУП за жителите на Општина Карпош, предизвика бројни реакции во јавноста, особено бидејќи и покрај извршените испитувања и предупредувања дека  почвата во подножјето на Водно, Трнодол и Жданец е потенцијално нестабилна и дека може да дојде до лизгање на земјиштето. Имено, новиот урбанистички план е потенцијална опасност за безбедноста на граѓаните и неколку населби.

ДУП-от  предвидува и изградба на мост преку заштитниот канал, при што  граѓаните од Трнодол би се приклучувале на улицата на населба Жданец под непрегледен агол од 90 степени.

Покрај небезбедното сообраќајното решение, голем проблем се појавува во случај на земјотрес, поплави и пожар, при што граѓаните од Трнодол и Жданец нема да имаат можност за евакуација.

Во подножјето позади бензиската пумпа, планот предвидува уште две згради кои долонитело преставуваат опасност за населба Козле.

„Вториот проблем на кој реагираат граѓаните на населба Трнодол е  зголемената  висина на секоја парцела за еден кат повеќе, плус поткровје,  што може да предизвика „дебармализација“ и  губење на вредноста на имотот на населбата  и покрај предупредувањата дека ниту инфраструктура ниту брдото може да ја издржи потенцијалната градба. Се предлага ваков план во сред лето кога повеќето од граѓаните се на одмор и не се информирани што се подготвува од општината. Револтирани сме од нетранспаретноста на целиот процес“, реагираат граѓани.

Се бара стопирање на предложениот ДУП за Трнодол

Има големи реакци и за нетранспаретноста на целиот процес на донесување на планот, иако пред изборите градоначалникот Стефан Богоев ветуваше транспарентност и разумни одлуки и проекти за екологијата урбанизмот и транспарентноста.

Жителите на овој дел од Скопје, бараат планот да се стопира и да се изгласа мораториум за било какви урбанистички планови на повеќе од 10 години, а во меѓувреме да се направи ревизија и на последниот ГУП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.