Згради, по неколку куќи, штедни влогови поседуваат пратениците од ДУИ и ДПА

Некои без банкарски сметки, други со штедни влогови, некои немаат сопстевна куќа или стан, други поседуваат зграда. „Порталб“ објавува детали и за имотната состојба што ја пријавиле пратениците од ДУИ и Мендух Тачи, единствениот претеник од ДПА.

Демократска унија на Албанците

Пратеникот Арбен Зибери поседува девизни сметки и недвижен имот, па така во Анкетнит лист пријавил стан од 80м2 во Скопје со проценета вредност од 70 000 евра, девизна сметка со 24 000 евра, денарска со 1 200 000 денари како и Приватната здравствена установа „Шандем“ во село Ласкарци во вредност од 15 000 евра, исто толкава сума преку приватната ординација е пријавена и како имот на родителите, кои поседуваат и куќа во вредност од 30 000 евра во Ласкарци и стан од 61 м2 во Скопје во вредност од 40 000 евра. Зибери ја пријавил и платата во износ од 22 000 денари.

Пратеничката Арбана Пашоли, според Анкетниот лист нема имот на свое име. Пријавила четри парцели земјиште сите во Дебар, едното како имот на сопругот, а за останатите нема податок, како и куќа во вредност од 8 000 000 денари и автомобил од 200 000 денари, исто така на име на сопругот. Тој поседува и денарско штедење во износ од 3 900 000 денари. Пријавена е уште една сметка со 1 850 000 денари, но без да се наведе кој е сопственикот.

Пратеничката Арта Билали Зендели не поседува недвижен имот, но пријавила златен накит со вредност од 600 000 денари, вози автомобил Мерцедес Б од 420 000 денари, прима годишен хонорар од 54 000 денари и има штеден влог во износ од 192 153 денари. Споругот на пратеничката исто така вози Мецедес А од 150 000 денари, има плата од 56 000 денари, родителите псоедуваат куќа во Гостивар во вредност од 9 000 000 денари а на име на децата се пријавени депозити во валупен износ од 223 000 денари.

Пратеникот Бајрам Кадрија како личен имот ја пријави само платата од 62 000 денари, неговата сопруга има плата од 14 000 денари а има и кредит од 5 000 евра. Родителите на Кадрија поседуваат куќа и земјоделско земјиште во Врапчиште, без да се наведе проценетата сума. Семејството поседува и автомобил со вредност од 6 000 евра.

Речиси се што е пријавено во Анкетниот лист на пратеникот Бајрам Реџепи е на негово лично име, па така пријавил три парцели земјоделско земјиште во Тетовско во вкупна вредност од 180 000 евра, куќа од 270 м2 во Селце од 8 000 000 денари, стан од 74 м2 со пријавена вредност од 2 300 000 денари, автомобил Мерцедес А од 170 000 денари и удел со вредност од 7 500 000 денари. Сопругата на пратеникот поседува акции во износ од 500 000 денари.

Според Анектниот лист, пратеникот Берат Ајдари лично поседува само автомобил од 360 000 денари а заедно со сопругата имаат земјоделско земјиште од 15 000 м2 во Липково стекнато со наследство, без наведена проценета вредност. Родителите поседуваат куќа од 6 000 000 денари во Липково и автомобил од 60 000 денари.

Пратеникот Изет Меџити во однос на претходната имотна состојба пријавена како градоначалник, сега како пратеник се подновил со нов автомобил марка Волво со вредност од 2 149 000 денари или 35 000 евра а како личен имот пријавил уште еден автомобил од 600 000 денари и имот на родителите, куќа од 516 м2 во Скопје со проценета вредност од 9 200 000 денари односно 150 000 евра. Нема податоци за банкарски сметки.

Закупнини, побарувања по основ на заем, куќа, стан, земјиште – Анкетниот лист на пратеникот Исмаил Јахоски е еден од „подолгите“, но не сите пријавени недвижности се посочени со вредност. Така, Јахоски поседува два деловни простори, едниот во Македонски Брод од 55 м2 без наведен износ, другиот во Кичево од 362 м2 со вредност од 94 000 евра. Како личен имот пријавена е зграда со двор во Македонски Брод од 940 м2 и згради ( во останато стопанство) во Кичево од 329 м2 – без наведен износ на вредноста, две куќи, едната во Скопје од 189 м2, другата во Македонски Брод од 376 м2 но и стан од 69 м2 во Скопје. Пријавени се три парцели земјиште во Скопје и во Македонски Брод без да се наведе проценетата вредност. Јахиоски пријавил и петнаесеттина побарувања по основ на даден заем во милионски денарски износи, некои од нив поединечно достигнуваат и до 160 000 евра како и пет поединечни закупнини кои на месечно ниво достигнуваат и до 4 500 евра. Пратеникот пријавил и три банкарски сметки со околу 3 000 000 денари и уште два заеми 4 100 000 денари. Целиот имот е пријавен како личен.

Пратеничката Мерита Колчи – Коџаџику пријавила три позиции, земјиште од 7000м2 во Скопје во вредност од 11 377 000 денари и стан од 58 м2 во Скопје од 2 460 000 денари – на име на сопругот како и кредит од 350 000 денари.

За пратеникот Бедри Фазли до моментот на завршување на оваа анализа, не беше објавен Анкетниот лист за имотната состојба.

Демократската партија на Албанците

Пратеникот Мендух Тачи, лидер на ДПА во својот Анкетен лист како личен имот пријавил куќа со двор од 13 000 000 денари во Тетово, побарување по основ на заем од 22 300 евра, девизен депозит од скоро 105 000 евра и две банкарски сметки со вкупно 64 300 евра како и хипотека од близу 900 000 денари. Споругата на Тачи поседува автомобил од 180 000 денари, девизен депозит од 54 100 евра како и трансакциска сметка на која лежат 9 242 000 денари.

„Порталб“ веќе објави податоци со сите детали од Анкетните листови и за пратениците и од другите парламентарните партии во албанскиот политички блок.