Жан-Лук Меланшон ги нарече француските полицајци „варвари“

Жан-Лук Меланшон, лидерот на Непокорна Франција  ја осуди полициската репресија против демонстрантите минатата сабота за време на демонстрациите на „жолтите елеци“, додавајќи „Да бев таму, тие ќе ме убиеја“, јавува дописникот на МИА.

Присутен на демонстрациите против пензиската реформа во Париз во вторникот, Жан-Лук Меленшон беше предизвикан од учесниците по прашањето на полициското насилство. Лидерот на Непокорна Франција одговори директно, за што сведочат неколку видеа на новинарите присутни на настанот. Особено, тој ја опиша полицијата како „варварска“. „Бидете внимателни затоа што тие не застануваат сега“, рече тој.

Поранешниот претседателски кандидат особено се наврати на демонстрациите на „жолтите елеци“ минатата сабота во главниот град. Многу инциденти избувнаа под импулсот на црните блокови. Ова доведе до голема акција на полицијата. Жан-Лук Меланшон отиде дотаму што изјави дека : „Ако во саботата бев таму, тие ќе ме убиеја. Тие чекаат изговор.“

Жан-Лук Меленшон ги повика демонстрантите да бидат претпазливи. „Не претерувајте. Не вреди да се вратиме со едно око помалку “, им рече тој. „Тие ги напаѓаат сите. Тие се повеќе и повеќе насилни. Мора да бидеме внимателни “, советувашр шефот на Непокорна Франција.

Зборови што го налутија Кристоф Кастанер, министер за внатрешни работи.

-Неприфатлива навреда за нашите сили на редот кои се мобилизирани, секој ден, да ги заштитат Французите, ризикувајќи го нивниот живот. Жан-Лук Меленшон им должи почит, а сега и извинување “, напиша тој на Твитер.

Полициските синдикати исто така ја изразија својата огорченост. Тие ги осудија „опасните идеи, кои го потхрануваат насилството врз нас. Кога имаме еден пратеник кој ги прави овие забелешки, тоа не е достојно за неговата функција и е антирепубликански. Синдикатот Националната полиција од Алијансата од своја страна повикува на протести пред седиштето на Непокорна Франција закажани за утре изутрина.