Жан Митрев: Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности

Доктор Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“, рече досега имало многу малку разбирање за трансплантација на срце.

– Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности. Сакам да се заблагодарам на минситерот Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите – изјави Митрев.

За д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина ова е еден од најзначајните чекори во македонската медицина и навистина историски ден.

Првата трансплантација на срце, која беше изведена ноќеска, во координација со министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

На експлантацијата работеа д-р Марјан Шокаровски и д-р Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др Маја Мојсова Мијовска, д-р Весна Дурнев и д-р Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов,  д-р  Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски од Аџибадем Систина.

На Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работеа лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања, како и лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.