Железничкиот сообраќај се уште во прекин по судирот на два возови на пругата Скопје – Велес

Железничкиот сообраќај се уште е во прекин по синоќешниот судaр на товарен и патнички воз на пругата Скопје – Велес, но се работи на  нормализирање на сообраќајот, вели за МИА директорот на МЖ  Транспорт, Оливер Деркоски.

Според Деркоски, во несреќата со мали повреди се здобил кондуктерот од патничкиот воз, кој е пренесен на скопските клиники, каде на преглед е упатен и машиновозачот, согласно безбедносните процедури. Нема повредени патници и за сите е органиизран превоз со автобус до крајната дестинација.

Товарниот и патничкиот воз, појаснува Дерковски, се движеле еден зад друг кога дошло до сударот. Притоа од пругата излетал последниот товарен вагон, а уште три товарни вагони, како и патничката локомотива се малку изместени. Нема големи оштетувања и се работи на оспособување на пругата од страна ан МЖ Инфратсруктура.

Според првичните сознанија, најверојатно причина за несреќата е човечки фактор, но треба да се почека на завршување  на истрагата. Веднаш е проверена сигнализацијата  и е утврдено дека е во ред, посочува Деркоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.