Железниците пропаѓаат, а менаџерскиот тим со дебели плати, за еден мандат ја чинат Македонија над 650.000 евра – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Возот Скопје – Битола патува 10 часа, линиите кон Кичево и Кочани се укинати, железниците се во кома, ама битно џебовите на директорите се полнат со дебели плати во време на криза. Железниците пропаѓаат и трупаат загуби, ама битно директорите именувани од СДС и ДУИ земаат над илјада евра месечна плата, без додатоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари.
Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари.
Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари.
Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари.
Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари.
Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари.
И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари.
Згора на ова ангажирале и 5 советници со мрсни хонорари од 1.000 евра. Ако се соберат вкупните средства годишно овој менаџерски тим ја чини Македонија над 10 милиони денари или за еден мандат неверојатни 650 илјади евра! Само за потсетување овие скапо платени менаџери водат компанија загубар со минус од неколку милиони евра.

Ете каде завршуваат парите на граѓаните во време на криза. Додека економијата тоне, а народот осиромашува, неспособните функционери на власта добиваат дебели плати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.