Жељко Јоксимовиќ: На 21 јуни ќе пеам со мојот пулен Даниел Кајмакоски

„Мојата желба да го наполнам стадионот се роди уште пред 3-4 години, но еве кога сега е завршен целосно  и изгледа спектакуларно и светски, е вистинското време. Ја сакам Македонија, го сакам Скопје, го сакам вашето госпопримство, ете зошто со радост се враќам секогаш во Скопје, вели популарниот кантавтор Жељко Јоксимовиќ. Жељко Јоксимовиќ, човекот со богата музичка биографија вели дека: ако Евровизија со „Лане Моје“ му донесе голем успех, третото место на Хари Мата Хари со „Лејла“, песната за која работеше, 21 јуни датумот кога ќе го одржи концертот во Скопје ќе биде забележан во неговата успешна музичка кариера.

DSCN0564

Во интервјуто за Нет Прес открива:

Даниел Кајмакоски со Жељко Јоксимовиќ на 21 јуни „Арена Филип Втори“

За новата соработка, дуетот со неговиот пулен од  „Х Фактор“ Даниел Кајмакоски вели дека се случила сосема случајно. Жељко свирејќи на гитара во студио го испровоцирал Даниел да земе гитара и запеат песна која популарно ќе се вика  „Скопје Београд“. Жељко вели дека ништо не е претенциозно, но ќе биде вистински хит за сите нивни фанови.

Какво е чувството да се најдеш пред ваква голема арена, сонуваше ли за ваков концерт, пред една ваква голема публика, кој треба да се случи и дај боже да се наполни на 21 јуни?

Можам да кажам дека сум импресиониран од ваков нов стадион и неговата инфструктура, ова е веќе од светски калибар, ова веќе не е од локален калибар и мислам дека ова е место на кое треба да се случуваат важни европски и светски манифестации.Се чувствувам фантастично, и кога е празен и дај боже на 21 јуни да биде полн. И да бидат само малку луѓе јас ќе бидам тука само за нив, ќе пеам само за нив, искрено.

Што најчесто те враќа во Македонија?

Па реков, секогаш кога доаѓам во Македонија се радувам, знам дека добро ќе јадам, знам дека ќе ги видам моите пријатели, знам дека добро ќе се забавувам, ќе слушнам добра македонска песна, јас уживам во тоа, и тоа е доволно зошто сакам да се вратам во Скопје.

Жељко, знаеме за твојот талент, шарм, достигнувањата во твојата музичка кариера. Со што ќе ја освоиш публиката овде во Македонија?

Мислам дека во се’ што работам сум искрен, тоа го знае пубиката, знае да го процени, немам некоја специјална трема, морам ова, морам она, затоа што го работам она што го чувствувам, мислам дека тоа публиката го гледа, и затоа ги сака моите песни. И кога ги изведувам песните, иако не сум ги напишал, се внесувам во нив исто како да се мои, и тоа публиката го гледа, се сите заедно се соживуваме во нив.

Сите очекуваме на твојот концерт да се појави и момчето кое победи на Х Фактор, Даниел Кајмакоски. Ќе го испеете ли дуетот кој го направивте?

Секако, ќе има повеќе гости со кои соработувам, меѓу кои ќе биде и мојот пулен од Х Фактор Даниел Кајмакоски.

2

Дали твојата сопруга Јована ќе ти даде поддршка на концертот?

Таа сакаше и сега да дојде, меѓутоа овојпат сме на 24 часа во Скопје. Остана со Коста и ме праша ако сакам сега да дојде, доаѓам веднаш. Да, на концертот ќе биде присутна сигурно. По тоа прашања мојата сопруга Јована е многу фер и многу одговорна.

Како велат во Србија, дека девојчињата личат на татковците а момчињата личат на мајките. Кои каратеристики ги наследи Коста?

Па малку е измешан, кога ќе погледнам дека има нешто мое, гледам дека личи на Јована. Коментираме заедно и со мојата ќерка Мина, за тоа на кого личи, меѓутоа Коста е сеуште мал и допрва ќе се развива.

Не разнежни сега со Коста, сигурно е убаво чувството?

Па да, тоа е најубавата работа на свет, и ние уживаме во тоа.

111

Жељко, што е тоа што те прави згоден, има ли посебна формула за твојот изглед?

Ништо особено, добра јадам,  здраво се хранам и тоа е тоа.

Твојот рецепт за траење на сцена, твојот рецепт за успех?

Искреност и верба, тоа е она што го препорачувам на сите.

И за крај на Нет Прес, зошто Македонија да биде овде на 21 јуни?

Добро да се забавуваат, ако не го виделе овој  стадион, да дојдат да го видат овој екран кој е широк 15 метри. Нека ја почувствуваат енергијата на мојата музика преку оваа акустика. Мислам дека прво јас ќе уживам, а секако со мене и публиката.

Автор: Елена Стефановска

Локација: Национална Арена „Филип Втори“