Жена и дете прегазени во Ѓорче Петров

Возрасна жена и малолетник тешко настрадале изминатата вечер во скопската населба Ѓорче Петров, откако на нив налетал автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работо.

Соорбаќајниот инциден се случил околу 20,15 часот на крстосницате од улиците „Ѓорче Петров“  „Македонски војски“кога автомобил „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.С. од Скопје, удрило во пешаците 60-годишната Д.К. од Пехчево и малолетник од Скопје.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.