4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Жена и дете прегазени во Скопје и Куманово, велосипедистка тешко повредена во Охрид

Возрасна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил во Скопје, десетгодишно дете на сличен начин настрадало во Куманово, а уште една жена се здобила со тешки повреди додека управувала велосипед во Охрди, се наведува во денешниот извштај на Министерството за звнатрешни работи.

Шеесет и тригодишната жена Р.Б. од Скопје, настрадала на улицата „Ферид Мурати“ Скопје, кога во понеделникот околу 13 часот била удрена од автомобил „БМВ“, управуван од 30-годишниот И.Н. од селото Бојане.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Во понеделникот со тешки телесни повреди се здобило и десетгодишно дете кое се движело пешки на улицата „Доне Божинов“ во Куманово било удрено од „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управуван 47-годишниот од Ѓ.А. од Куманово . Детето е пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Вчера попладнето околу 18 часот на улицата „Будва“ во Охрид патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот К.П. од Охрид удрило во велосипед управуван од неговата 60-годишна сограѓанка Љ.Н. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., по што била пренесена во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.