Жена крвнички претепана од својот партнер, насилникот доби притвор

Единицата за насилен криминал-Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против Ц.Д.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Пријавениот, на 11.09.2022 околу 17:30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 41-годишна вонбрачна партнерка.

Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.