Жена на 45 години е жртва во сообраќајната несреќа пред Тетово, излетала од коловозот со џипот

Четириесет ипетгодишна жена е жртвата во тешката сообраќајна несреќа којашто во четвртокот рано претпладнето се одигра на автопатот  Скопје – Тетово.

Од СВР Тетово соопштија дека дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај месноста Еребино.

Станува збор за Ф.Л од тетовското село Доброште којашто управувала џип „тојота рав“ со американски регистарски ознаки и била сама во возилото.

Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од коловозот.

На местото на несреќата увид прави Јавен обвинител, а учествува и тетовска полиција.