Жена од Дебар во паника фрлила запалена плинска боца на паркинг и предизвикала пожар во автомобил

Повозрасна жена од Дебар најпрвин предизвикала пожар на својот балкон со неисправна плинска боца, а потоа ја фрлила на паркинг, по што запалила паркиран автомобил, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. На 20.08.2022 во Дебар, пријавената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта кои биле на балконот, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и предизвикала пожар во паркирано патничко возило“, велат од полицијата.