Жена оживеала откако била погребана

Грчката полиција започнала истрага во врска со сомнежите дека жена оживеала откако била погребана.

Како што пренесуваат грчките медиуми, жената откако била погребана, се освестила и почнала да бара помош.

Гробарот и уште двајца сведоци рекле дека еден час по погребот, слушнале пригушен повик од гробот.

Кога гробот конечно бил повтроно откопан жената не покажувала знаци на живот. Лекарот кој бил повикан на гробиштата „Переа“ во близина на Солун ја прогласил за мртва.