Жена починала на лице место откако ја удрило дрво кое го исекол нејзиниот сопруг

658

Несреќата се случила вчера утринава во атар на с.Мокриево, струмичко.

Во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место, информира МВР.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.