2.2 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Жена повредена при излетување на автомобил на автопатот Тетово – Скопје

106

Жена возач е повредена во сообраќајна несреќа која утринава околу 9 часот се случила на автопатот Тетово-Скопје, информираше во вторникот портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во непосредна близина на Добарски натпатник, патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Б.В. од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, вели Јосифоски.

Возачот на возилото Б.В. пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на излетувањето увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.