Жена прегазена во Охрид

Охриѓанка со сериозни повреди е хоспиталиирана во петокот вечерта, откако на неа налетал со автомобил нејзин сограѓанин, извести во саботата Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во петокот околу 20,20 часот кога било пријавено дека во Охрид на крстосницата од улицата „Сирма Војвода“ со улицата „Лазо Трпоски“ патничко моторно возило „југо корал“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 30-тодишниот В.М. од Охрид удрило во 55-годишната Ј.М., која била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.