Жена прегазена во скопско Тафталиџе

Скопјанка на возраст од 78 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера утрото се случила на крстосницата од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата Лондонска“.

Патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Т.П. од Скопје, удрило во пешакот 78-годишната М.Ј. од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.