Жена пронајдена мртва во стан во Аеродром

Шеесет иедногодишна жена била пронајдена мртва во семејниот дом на подрачјето на скопската населба Аеродром, извести во неделата Министерството за внатрешни работи.

Како што информираа од МВР, случајот вчера во 17,12 часот бил пријавен во СВР Скопје. Се работи за 61-годишната Ј.Ц. од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.