Жена родила од љубовникот, а сопругот ќе плаќа алиментација

Апелациониот суд ја потврдил одлуката на окружниот суд во Финска кој претходно пресудил маж да плаќа за издршка на дете родено во брак иако не е негово, пишува дневниот весник Helsingin Sanomat.

Во прилогот се наведува дека детето е родено во брак во 2014 година, но две години подоцна се покажало дека сопругот на неговата мајка не е негов биолошки татко. Откако дознал за прељубата на сопругата, мажот поднел барање за развод на бракот и побарал да бидат симнати неговите татковиски обврски, вклучително и исплатата на алиментацијата.

Во согласност со финскиот закон, пишува весникот, мажот има две години од датумот на раѓањето на детето да се откаже од татковството, доколку немаат билиошко сродство. Тој период може да биде продолжен, доколку има доволно добри причини.

Мажот тврдел пред судот дека доцна дознал за измамата од неговата сопруга, и дека тоа претставува тежок удар за него. Додал дека го одложил правењето ДНК тест поради големиот стрес што го доживеал. Сепак, судот не ги сметал овие причини за доволни и го одбил неговото барања за откажување од татковството.

Потоа, неговата поранешна сопруга го тужела и добила пресуда со којашто тој ќе треба да ѝ исплаќа по 308 евра месечно додека детето не стане полнолетно.

Покрај тоа, за ударот врз измамениот сопруг да биде поголем, судот му наложил и да ги исплати и судските и другите правни трошоци на неговата поранешна сопруга