Жена се обидела да прегази полицајци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против П.Н.(35) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 14.02.2023 на патниот правец Маркова нога – Макази, во близина на с.Грнчари, пријавената со патничко возило „фолксваген голф“ не застанала на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото се обидела да ги удри полициските службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.