Жена се жалела на болки на коленото, лекарите шокирани од снимката

Лекарите од Јужна Кореја биле шокирани кога на снимката на ренген воочиле зошто 65 годишната жена ја боли коленото. Како што покажала снимката, таа во коленото имала стотина ситни златни игли кои се користат во акупунктура, пишува „Дејли мејл“.

Се смета дека стручњакот за акупунктура кој ја третирал жената по дијагнозата остеоартритис, немарно ги оставил за да и ги ублажат болките во коленото. И покрај тоа што земала лекови, жената и понатаму чувствувала болка, па започнала третмани со акупунктура, на кои одела најмалку еднаш неделно.
Терапијата со акупунктура подразбира користење на иглички заради стимулирање на различните делови на телото или олеснување на болката.

Лекарите сметаат дека во случаjот со оваа Јужнокорејка, игличките намерно се оставени во коленото за да обезбедат постојанат стимулација по завршување на третманот. Но, многу стручњаци истакнуваат дека оставањето на страни тела во нечиј организам не е добро, бидејќи може да додведе до оток и инфекција.

И на лекарите име тешко да ја протолкуваат ренгенската снимка со иглички во колено, а жената не може да оди на магнетна резонанца, бидејќи магнетите на скенерот можат да предизвикаат движење на игличките и да ја оштетат артеријата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.