Жена тешко повредена по удар од „опел вектра“

На 22.04.2021 година во 13.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Опел Вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н.(57) од Охрид удрило во пешак И.К.(37), од охридското село Куратица, информираат од СВР Охрид.

Во незгодата И.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.