Жена тешко повредена во сообраќајка

На 17.08.2023 во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во близина на Неготинска клучка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот А.Џ. од гостиварски Добридол и „фолксваген туран“ со гостиварски ознаки што го управувал 27-годишниот С.Ј. од гостиварска Топлица.

Во несреќата, сопатничката од возилото  „голф“, Х.Џ.(61) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.