Жена уапсена за убиство на двете деца најдени во куфери на Нов Зеланд

Новозеландската полиција соопштила дека во Јужна Кореја во четвртокот е уапсена жена, којашто е осомничена дека ги убила двете деца чиишто тела во август беа најдени во куфери.

Станува збор за случај кој го потресе Нов Зеланд, а телата ги откриле семејство странци кои купило цела приколка натоварена со предмети кои се продаваат на големо во складиштето. Меѓу нив и куферите со телата на убиените деца, коишто наводно во нив биле со години.

Корејската полиција соопшти дека жртвите имале седум и десет години. Нов Зеланд побара екстрадиција на жената од Јужна Кореја.

Полицијата соопшти дека последните три седмици тесно соработувале со јужнокорејските власти во потрага по жената во 40-те години, откако минатиот месец објави дека верува оти жената се наоѓа во Јужна Кореја. Се концентрирале на неа откако успеале да ги идентификуваат децата, чиишто идентитети не се соопштени.

Полициските агенти ја пронашле во четвртокот утрото жената со корејско потекло, како се крие во стан во градот Улсан. По неа била распишана глобална потерница на Интерпол.

Локалните медиуми известуваат дека се верува дека осомничената е во сродство со убиените деца. Пишуваат дека семејството неколку години живеело во Окленд, како и дека таткото на децата починал пред нивната смрт.

Како што и претходно беше објавено, семејството кое на почетокот од август ги нашло телата немало никаква поврзаност со смртта на тие деца, како и дека претрпела агонија по ова откривање.