Жена загина, мажот повреден во тешка сообраќајка кај преминот Богородица

Жена загина, а нејзиниот сопруг е тешко повреден во тешката сообраќајна несреќа која се случи изутринава кај граничниот премин Богородица.

До несреќата дошло кога автомобилот марка „тојота авенсис“ со белгиски таблички најверојатно поради пукање на предна гума се судрил со камион-цистерна.

Повредениот шеесетгодишен маж се уште не знае дека неговата сопруга е почината.

Тој со возило на Итна помош ќе биде пренесен во Скопје, свесен бил дека се наоѓа во болница, но не се сеќавал на ништо по несреќата.

Белгиските сопружници биле пензионери и биле на летен одмор во Грција, а се враќале дома. Лекарите велат дека ќе причекаат нивните колеги во Скопје да го стабилизираат, за да можат истражителите да му соопштат дека во несреќата загинала неговата сопруга.