Жените сепак не сакаат секс за една вечер

126
Жените велат дека се задоволни од секс за една ноќ, но едно ново истражување фрла сенка на тоа.
Истражувањето било направено за да открие колку жените се задоволни од вообичаени секс шеми, и колку од нив се обиделе да се вклопат во трендот.
Темите кои неодамна беа објавени во два американски магазини, откриваат дека поголемиот дел од жените изјавуваат дека се задоволни што можат да имаат незадолжителен секс и што можат да уживаат во него.
Од друга страна многу од нив изјавиле дека мораат да пијат алкохол за потполно да се опуштат. Една од жените изјавила дека често има орален секс, бидејќи е побрз „ бидејќи се отрезнува додека дојде до неговиот стан и само сака што побрзо да излезе од таму.
Ова истражување опфатило околу 600 студентки и открило дека жените имаа двојно повеќе оргазми додека се во сериозна врска, отколку ако се во некоја шема.
Некои девојки признале дека се појавиле на журки облечени како порно ѕвезди, а другите изјавиле дека се бакнуваат со другарките не за да се задоволат една со друга, туку да им бидат посекси на момчињата.
Сепак оваа студија дошла до заклучок дека послендите години само третина од студентите имале повеќе од еден партнер. Тоа зборува дека сексот за една вечер не ги заменил сериозните врски, како што многумина мислат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.