Женската македонска ракометна репрезентација во тешка група на ЕП 2022

Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија.

На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи:

А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.

Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија.

Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија.

Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции.

Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.