Жерновски направи геноцид на дрвјата во Дебар Маало, Паркобраните во глувчешка дупка

127

Дрва се сечат пред очите на главниот паркобран Ненад Матевски, а тој не реагира. Се поставува прашањето, дали овој активист за секое дрво има различен „политички аршин“?

Имено, исечени стари дрвја и трупци можат да се забележат на повеќе места во Дебар Маало. Најмногу дупки и откорната земја има на улицата „Ѓорги Пешков“ која гледа кон Градскиот парк. Но, ниту збор и реакција од „Паркобраните“, кои со ноќи го чуваа паркот кај Бристол.

Еден од активистите на „Паркобраните“, кој жестоко се спротивстави на уништувањето на паркот кај Бристол, во изјава за Нетпрес кажа дека за сечата во Дебар Маало се уште не биле добро запознаени. Информација за тоа слушнале само од медиумите, а за нивно официјално дејствување ќе почекаат неколку дена откако Општина Центар ќе обзнани што ќе се гради на тоа место.

Соговорникот не е информиран за сечата во Дебар Маало, но претпоставува дека се работи за сеча на стари стебла.

drva1

Иако побаравме официјална информација од Општина Центар за тоа што предвидуваат да се гради во тој дел од градот, не добивме одговор.

Меѓудругото, многу е конфузно однесувањето на Општина Центар. Оттаму постојано го обвинуваат градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за сеча на дрвјата низ градот поради оправдани градежни зафати како и за наводниот „масакар“ кај Бристол, а во случајов без пардон одобруваат сеча за истите цели.

drva2

Ова само наведува дека дрвјата во Дебар Маало изгледа немаат иста политичка тежина како оние пред Бристол. За едните требаше партиски да се одработува, за другите не!

Дрвјата се исечени во Општина Центар на местото каде што се започнати градежни активности. Во ова нема ништо чудно, бидејќи центарот е урбана средина, па сечењето на дрвата е потребно поради градежни активности. За разлика од тогаш кога изби огромен скандал, сега има молк.

Затоа се поставува прашањето каде се сега активистите на граѓанската иницијатива „Паркобрани“ за да протестираат за сечењето на дрвата?

drva3

Ова потврдува дека нивното селективно реагирање е докза дека протестите кај Бристол беа политички мотивирани. Сега за исечени дрвја во срцето на градот, никој не протестира иако не се знае што на тоа место ќе се гради.

Оваа нивна незаинтересираност само покажува дека работеле за партијата и дневно партиски цели, или пак „дискриминираат“ дрва и сметаат дека не заслужуваат да се протестира за сите подеднакво.

Пред Бристол протестираа наменски, а сега пред куќата на Матевски се сечат дрва, но „Паркобраните“ не мрдаат со прст затоа што ги сече Жерновски?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.