Жесток судир со полицијата во Израел поради рестрикциите

Стотици ултраордоксни Евреи се судрија со израелската полиција во крајбрежниот град Ашдод, кога полициските сили се обидиле да за затворат богословска семинарија отворена и покрај строгите рестриктивни мерки воведени поради опасност од ширењето на коронавирусот.

Неколку стотици ултраортодоксни ученици се обиделе насилно да влезат во семинаријата, туркајќи се со припадниците на полицијата којашто претходно го затвори, се наведува во соопштението.

Полицијата била принудена да примени сила за да ги спречи во обидот на блокирање на околните улици. Петнаесет демонстранти се приведени, а во судирите се повредени 13 полицајци.

Судири имало и во ултраортодоксниот дел од Ерусалим и во предградие на Тел Авив во кој живеат ултраортодоксните Евреи во моментот кога полицијата се обидела да спроведе воведување на третото по ред „затворање“ поради коронавирусот, а во рамките на кое решено е да бидат затворени сите образовни институциим, со исклучок на училиштата за лица со специјални потреби.

Некои ултраортодоксни рабини наредија да се отворат нивните институции, пренебрегнувајќи ги владините прописи за затворање.

Кабинетот на премеирот Бенјамин Нетанхају и полицијата се соочени со критиките во кои им се забележува дека не успеале да го споведат затворањет во некои ултраортодоксни делови на земјата. Од друга страна, Израел, може да континуирано спроведување на вакцинацијата, за разлика од многу други земји кои се соочуваат со пропусти во логистиката и инфраструктурата, како и недостиг од вакцини.

Истовремено, како што пренесува весникот Haaretz, Израел се подготвува за „херметичко“ затворање во периодот од 26-ти до 31-ви јануари ќе бидат запрени сите лекови кон и од земјата, во рамките на одлуката на владата во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Ние сме пред остатокот од светот. Ниедна нација не го стори она што ќе го направиме: херметички да ја запечатиме заемјата“, изјави Нетанјаху на седницата на својот кабинет на министри.

Истовремено ќе бидат дозволени летови на странски товарни и противпожарни авиони, како и на летови кои се однесуваат на медицински настани. Владата предупреди дека ограничувањата за израелските воздухопловни компании ќе бидат објавени подоцна.

Израелците ќе може да ја напупштат земјата во овој период само поради медицински третмини во странство, за правни постапки, погреби на членови на семејството или за емиграција.