Жестока племика во Гази Баба: Советниците од СДСМ бараат отстранување на снимател, претседателот бара им се измери алкохол во крвта

Жестока расправа во Советот на општина Гази Баба на над 20-часовната седница за ребаланс на буџетот. Провокации, прекршувања на деловникот, законот за локална самоуправа и други прописи…

Советниците од СДСМ бараа да биде отстранет снимател од салата, поради како што рекоа, бил несоодветно облечен. На ова, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, дека снимателот бил уредно пријавен и дека има легитимно право да снима.

Претседателот на Советот на општина Гази Баба, Тони Бојковски, побара да се повикаат служби и да се измери количеството на алкохол во крвта кај советниците, алудирајќи на оние од редовите на СДСМ, и доколку се пронајде присуство, седницата да биде одложена.

Според ВМРО-ДПМНЕ, советниците од власта и градоначалникот се обидуваат на сила и надвор од утврдена постапка да донесе ребаланс на буџетот.

-Се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината. Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.