Жестока тепачка откако јутјубер му ја грабна капата на Мејведер (ВИДЕО)

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер и Јутјуб ѕвездата Логан Пол во Мајами го најавија својот боксерски меч по кој настана вистински хаос откако братот на Логан Пол, Џејк Пол ја „собра“ капата на Мејведер, кому овој потег воопшто не му се допадна.

Мејведер, кој претходно изјави дека е во состојба во една вечер да ги „пребие“ двата браќа, жестокот реагираше и започна тепачка со Џејк пред новинарите.

„Ќе те убијам кога ќе те фатам“, велеше боксоерот кој во досегашниот дел од кариерата на 50 борби има и 50 победи.

По целата ситуација се огласи и Џејк Пол на својот Твитер профил кој напиша дека му ја украл капата на Мејведер бидејќи со неговите досадни борби тој ги краде парите на луѓето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.