Жиру: Не беше соврешено, но имавме динамика

Францускиот фудбалер Оливие Жиру изјави дека е многу добро што неговата репрезентација успеа да направи пресврт во натпреварот.

„Добро се снајдовме. Не беше совршено, но многу е добро што добивме динамика и самодоверба да го свртиме натпреварот. Што треба да се поправи? Цел почеток на натпреварот, ако сакаме да бидеме перфектни… Мора подобро да влеземе во натпреварот. Бевме малку исплашени, но потоа брзо се вративме“, рече Жиру, чија репрезентација на овој Мундијал ја брани шампионската титула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.