Жиру останува во Челзи до следната година

Францускиот фудбалски репрезентативец Оливие Жиру ќе остане во редовите на англискиот прволигаш Челзи и следната сеозана, објави во четвртокот лондонскиот клуб на својата интернет страница.

Жиру, кој ова лето требаше да стане слободен играч, го продолжи договорот со Челзи до јуни 2021 година. За 33-годишниот француски напаѓач интерес покажуваа италијанските прволигаши Интер и Лацио.

„Одушевен сум што го продолжувам своето патување и авантура во Чекзи. Одвај чекам повторно да заограм со своите соиграчи. Се радувам што повторно ќе го носам овој дрес пред полниот ‘Стенфорд Бриџ’ кога тоа ќе биде безбедно“, изјави Жиру по потпишувањето на договорот.

Жиру, откако дојде во Челзи од градскиот ривал Арсенал во јануари 2018 година, во првата постава одигра 39 натпревари, а во 37 влезе како резерва и постигна 21 погодок.