Жител на Албанија ограбил три цркви во Радожда

Кривична пријава е поднесена против 24-годишниот М.М. од албанското село Котодеш поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“.

Пријавениот, во периодот од 1 мај до 8 јули 2014 година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во струшкото село Радожда.

М.М. илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда. Во погоден момент,тој влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста на црквите, ги земал металните каси и со употреба на тврд предмет ги кинел држачите од катинарите. Потоа ги одземал парите од касите и од иконите и брзо излегувал од црквите По извршувањето на кражбите, М.М. по илегалниот пат се враќал назад во родното село во Република Албанија.

На тој начин присвоил околу 3.000 денари.

На М.М. му е одредена мерка притвор во траење до осум дена.